Најчесто поставувани прашања

ШТО Е КОЛАГЕН?

Колагенот е најважниот и најзастапениот протеин во човечкото тело (сочинува 35% од сите протеини). Тој е главната компонента на сите сврзни ткива, кожата, мускулите, крвните садови, коските, зглобовите и 'рскавицата, обезбедувајќи им структура, сила и еластичност.

Постојат неколку видови на колаген во човечкото тело, но најважните се:

  • Колаген тип 1 - најефикасен и сочинува околу 90% од вкупната количина на колаген во нашето тело. Обезбедува структура и еластичност на кожата, тетивите, 'рскавиците, сврзното ткиво, помага во формирањето на коските и забите и е многу важен за заздравување на раните.
  • Колаген тип 2 - влијае на квалитетот на коскено-зглобниот систем, и е најважен за 'рскавиците и тетивите. Се препорачува превентивен внес за спречување на болки во зглобовите и артритис.
  • Колаген тип 3 - особено важен за крвните садови и мускулите, а го има и во некои витални органи (бели дробови, црн дроб, слезина). Го поддржува имунолошкиот систем, го помага варењето и апсорпцијата на хранливите материи.

Колагенот тип 1 и 3 треба да се земаат заедно за да се добијат најдобри резултати, додека колагенот тип 2 треба да се зема одделно од нив за да може правилно и целосно да се апсорбира.

ЗОШТО Е ВАЖЕН КОЛАГЕНОТ?

Колагенот е одговорен за здравата и сјајна кожа без брчки, густата и силна коса, силните и убави нокти, како и за одржувањето на здравите заби, тетиви и очи.

Ги штити и обновува зглобовите, ја зајакнува мускулната маса, ги штити крвните садови, го забрзува зараснувањето на раните, позитивно влијае на цревната флора, придонесува за намалување на целулитот, го подобрува метаболизмот и дава енергија.

ДАЛИ НАШЕТО ТЕЛО ИМА ДОВОЛНО КОЛАГЕН?

Нашето тело ја има способноста природно да произведува колаген. Но, со тек на време, идеалните нивоа на колаген кои нашето тело природно ги произведува почнуваат да се намалуваат. До 30-тата година човечкото тело губи просечно 1,5% колаген годишно. На возраст од 40 години, способноста на телото да произведува колаген се намалува за 25%. На возраст од 60 години, намалувањето е преку 50%.

КОИ СИМПТОМИ УКАЖУВААТ НА НЕДОСТАТОК НА КОЛАГЕН ВО ТЕЛОТО?

Намалувањето на количината и квалитетот на природниот колаген во организмот негативно влијае на изгледот и целокупната состојба на организмот, а се поврзува и со бројни здравствени проблеми.

Првите симптоми дека на нашето тело му недостасува колаген се сува, збрчкана и опуштена кожа, тенка и кршлива коса без сјај, слаби нокти склони кон лупење, болки во зглобовите и мускулите, чувствителни тетиви и лигаменти, слаба циркулација, дигестивни проблеми, хормонален дисбаланс.

НА КОЈА ВОЗРАСТ ТРЕБА ДА ЗАПОЧНЕТЕ ДА КОНСУМИРАТЕ КОЛАГЕН?

Бидејќи изгубениот колаген тешко може да се надомести само преку исхрана, неопходно е да се делува одвнатре и да се стимулира телото да произведува колаген. Се препорачува да се започне со консумирање на колагенски суплементи (говедски или рибен колаген) на околу 25-годишна возраст.

И говедскиот и рибниот колаген се достапни во форма на хидролизирани колагенски пептиди, бидејќи во оваа форма колагенот лесно се ресорбира во телото, се дистрибуира во сите ткива и допира до најдлабоките слоеви на кожата (дермисот). Апсорпцијата на хидролизираниот колаген во прав е околу 90%, додека апсорпцијата на колаген од храната е помала од 30%.

КОЈ ВИД НА КОЛАГЕН ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ?

При изборот на колагенски суплементи, најважно е да се има предвид какви резултати сакаме да постигнеме.

Сите колагенски пептиди моментално достапни на пазарот се од животинско потекло, а најчести се говедскиот колаген (колаген тип 1 и 3) и рибниот колаген (колаген тип 1).

Димас говедскиот колаген особено се препорачува за зглобовите, 'рскавиците, тетивите и лигаментите. Исто така, овој вид на колаген обезбедува побрзо закрепнување на телото после спортски активности и вежбање.

Димас рибиниот колаген се ресорбира побрзо (1,5 пати поефикасно), така што дава малку побрзи резултати кога станува збор за обновување на кожата, косата, ноктите и другите ткива во телото.

КОГА МОЖЕМЕ ДА ГИ ОЧЕКУВАМЕ ПРВИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД КОНСУМИРАЊЕТО КОЛАГЕН?

Првите позитивни резултати можете да ги забележите по еден месец редовна употреба. Некои корисници забележале подобрувања по неколку дена, други по неколку недели. Секој организам е индивидуален, но за најдобри резултати се препорачува континуирано консумирање колаген во период од 3 месеци. За резултатите од консумирањето на Димас колагените, ви предлагаме да ги прочитате искуствата на нашите клиенти.

ДАЛИ Е БЕЗБЕДНО ДА СЕ КОНСУМИРААТ КОЛАГЕНСКИ СУПЛЕМЕНТИ?

За повеќето луѓе, консумирањето на колаген во форма на суплемент е сосема безбедно, дури и на подолг рок. Треба да обрнат посебно внимание само лицата кои имаат проблеми со бубрезите, за кои е препорачана исхрана со намален внес на протеини.

Колагенските суплементи ретко предизвикуваат контраиндикации, но доколку се појави алергиска реакција, гадење, непријатност во стомакот или дијареа, се препорачува да се консултирате со лекар. Во повеќето случаи, потребно е само да се замени колагенот од еден производител со друг, или да се замени типот на колаген (ако сте земале колаген добиен од пилешка 'рскавица, заменете го со говедски или рибен колаген).

КОЈА Е ПРЕПОРАЧАНАТА ДНЕВНА ДОЗА ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА ДИМАС КОЛАГЕНИТЕ?

Препорачаната дневна доза за внес на колаген е 10 гр. говедски колаген (1 рамна супена лажица) или 5 гр. Рибен колаген (1 рамна кафена лажичка).

Двете пакувања на Димас колагенски пептиди содржат 30 порции (говедскиот колаген е во пакување од 300 гр., а рибниот колаген во пакување од 150 гр.), што е потребно и доволно количество на колаген за 30 дена континуирана консумација.

Исто така, двата вида Димас колагенски пептиди можете да ги пиете во секое време од денот (одберете го времето што најмногу ви одговара - наутро на празен стомак, пред спиење, пред или после оброк), измешани со вода, сок, кафе, чај, јогурт, шејк, во смути или како дел од оброк (во каша, салата). Димас колагенот нема ниту мирис ниту вкус, па лесно може да се комбинира со различни пијалоци, јадења и десерти!

ДАЛИ ТРЕБА ДА ПРАВАМ ПАУЗИ ВО УПОТРЕБАТА НА КОЛАГЕНСКИ СУПЛЕМЕНТИ?

Ви препорачуваме Димас колагенските пептиди да ги пиете непрекинато минимум три месеци, а потоа да направите пауза од еден месец.

ДАЛИ ДИМАС КОЛАГЕНИТЕ СЕ ПОГОДНИ ЗА ВЕГЕТАРИЈАНЦИ И ВЕГАНИ?

Имајќи предвид дека сите колагенски пептиди кои се моментално достапни на пазарот се од животинско потекло, лицата кои практикуваат веганска исхрана не можат да консумираат никаков колаген, додека пак, рибниот колаген е погоден за вегетаријанска исхрана.

ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ КОНСУМИРААТ ДИМАС КОЛАГЕНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТ И ДОЕЊЕ?

Димас колагенските пептиди, за разлика од другите колагенски додатоци на пазарот, се единствените кои имаат препорака од Фармацевтскиот факултет во Нови Сад како потполно безбедни за трудници и доилки.

ШТО Е КОЛОСТРУМ?
Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.
Title #2
Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.
Title #3
Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.
0