Што претставува Политиката за колачиња
Кога ја посетувате нашата веб-страница или ги користите нашите услуги, ДИМАС ГРОУП 2020 ДООЕЛ и овластени трети страни собираат колачиња кои содржат информации за Вас. Оваа страница ја објаснува политиката за користење колачиња и слични технологии на dimas.mk, во сопственост на ДИМАС ГРОУП 2020 ДООЕЛ, Кавадарци.
Ги користиме овие технологии за да ја администрираме нашата веб-страница, да анализираме трендови, да ја следиме активноста на корисниците и на тој начин да обезбедуваме персонализирани промотивни пораки и реклами. Оваа страница објаснува што претставуваат овие технологии, како и кои се Вашите права во однос на менувањето и контролирањето на употребата на колачиња.
Кога првпат ќе ја посетите dimas.mk, може да добиете известување дека користиме „колачиња“. Со притискање на копчето „Се согласувам“, со затворање на скокачкиот прозорец или со продолжување на користењето на веб-страницата, потврдувате дека сте разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што е опишано во оваа Политика за колачиња.
Не сте обврзани да ги прифатите колачињата, а дадената согласност за нивната употреба може да ја повлечете во секое време, како што е објаснето подолу во делот „Како да ги контролирам колачињата?“. Можете да ги промените поставките на Вашиот интернет-прелистувач за да ја ограничите или забраните употребата на колачиња, како и да ги избришете од кој било уред во секое време. Ако не ги прифатите или ги избришете колачињата, можно е одредени делови од нашата веб-страница да не функционираат правилно или да се вчитуваат значително побавно.
Што претставуваат колачињата?
Колачињата се мали текстуални датотеки или делови од код кои веб-страниците можат да ги користат со цел подобрување на корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на Вашиот компјутер или мобилен уред кога посетувате одредена веб-страница.
При следната посета на истата веб-страница, колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет-прелистувач. Тие можат да ги зачуваат Вашите преференции и други информации, но не можат да читаат податоци или информации од Вашиот хард-диск, ниту да читаат други датотеки со колачиња зачувани од други веб-страници.
Колачињата кои директно ги поставува веб-страницата на ДИМАС ГРОУП 2020 ДООЕЛ се нарекуваат „колачиња од прва страна“. Колачињата поставени од други лица или организации се нарекуваат „колачиња од трети страни“.
Колачињата од трети страни обезбедуваат различни функционалности на нашата веб-страница, како што се рекламирање, функции на социјалните мрежи и аналитика. Овие колачиња не се во сопственост на ДИМАС ГРОУП 2020 ДООЕЛ и компанијата нема контрола врз нив или врз начинот на кој тие ќе бидат користени.
Зошто се користат колачињата?
Колачињата се користат за подобро разбирање на начинот на кој посетителите ја користат веб-страницата, како и за оптимизирање на корисничкото искуство.
Тие ѝ овозможуваат на страната која ги поставува да ги препознае уредите што ги користат корисниците и да ги спореди тековните посети со претходните најавувања и посети, со цел персонализирање на рекламите и зголемување на нивната релевантност за корисниците.
Овие информации може да се собираат преку сите видови интернет-прелистувачи и уреди, вклучувајќи компјутери, лаптопи, паметни телефони, таблети и други, но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците.
Оваа веб-страница користи различни видови колачиња. Некои од нив се поставуваат преку услуги на трети страни кои се прикажуваат на нашите страници, со цел оптимизирање на Вашето искуство при користење на услугите на ДИМАС ГРОУП 2020 ДООЕЛ.
Колачиња што ги користиме
Неопходни колачиња (Necessary Cookies). Неопходните колачиња помагаат веб-страницата да биде функционална, обезбедувајќи основни функции како навигација помеѓу страниците, користење кошничка за купување, вршење плаќања и други слични функции. Без овие колачиња веб-страницата не може правилно да функционира.
Колачиња за преференции (Preference Cookies). Тие ѝ овозможуваат на веб-страницата да запомни информации кои го менуваат начинот на кој таа функционира или изгледа, како што се јазикот што го преферирате или регионот во кој се наоѓате.
Статистички колачиња (Statistical Cookies). Статистичките колачиња ни помагаат да разбереме на кој начин посетителите комуницираат со веб-страницата преку анонимно собирање информации.
Маркетинг колачиња (Marketing Cookies). Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите низ различни веб-страници. Целта е да се прикажуваат реклами кои се релевантни и привлечни за конкретниот корисник.
ДИМАС ГРОУП 2020 ДООЕЛ не сноси одговорност и нема контрола врз колачињата поставени од трети лица. Ви препорачуваме да ги прочитате политиките за приватност и политиките за колачиња на нашите соработници и партнери со цел подобрување на Вашата сигурност.
Колачиња за перформанси и функционалност. Овој вид колачиња се користат за да се утврди дали повторно ја посетувате нашата веб-страница. Тие може да содржат потребни информации, на пример од кој град пристапувате до dimas.mk.
Важно е да се напомене дека овие колачиња не се задолжителни и нивното деактивирање не би требало значително да влијае врз Вашето искуство при посетата на нашата веб-страница.
Колачиња на социјални мрежи (Social Media Cookies). Овие колачиња ни овозможуваат да интегрираме функции на социјалните мрежи во нашата веб-страница, а исто така може да се користат и за маркетинг цели.
Колачињата поставени од ДИМАС ГРОУП 2020 ДООЕЛ се под наша контрола. Колачињата поставени од трети лица, вклучувајќи ги и социјалните мрежи, не се под наша контрола и ДИМАС ГРОУП 2020 ДООЕЛ не сноси одговорност за начинот на кој третите лица ги користат собраните податоци.
За подобра информираност и сигурност Ви препорачуваме да ги пронајдете и прочитате политиките за колачиња и приватност на соодветните трети лица.
Како да ги контролирам колачињата?
Кога првпат ќе ја посетите dimas.mk, може да добиете известување дека користиме „колачиња“. Со притискање на копчето „Се согласувам“, со затворање на скокачкиот прозорец или со продолжување на користењето на веб-страницата, потврдувате дека сте разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што е опишано во оваа Политика за колачиња.
Не сте обврзани да ги прифатите колачињата, а дадената согласност за нивната употреба може да биде повлечена во секое време.
Преку поставките на Вашиот интернет-прелистувач можете да одредите кои колачиња да бидат зачувани, а кои да бидат блокирани или избришани. Исто така, можете да контактирате со компанијата која ги поставила и ги контролира соодветните колачиња.
За повеќе информации проверете ги поставките на Вашиот интернет-прелистувач.
Следете ги линковите подолу за корисни информации во врска со управувањето со колачиња во најпопуларните интернет-прелистувачи:
Microsoft Internet Explorer:
https://support.microsoft.com/en-gb/help/17442/windows-internet-explorer-delete-manage-cookies
Google Chrome:
https://support.google.com/chrome/answer/95647?co=GENIE.Platform%3DDesktop&hl=en
Mozilla Firefox:
https://support.mozilla.org/en-US/kb/enable-and-disable-cookies-website-preferences
Apple Safari:
https://support.apple.com/en-mk/guide/safari/sfri11471/mac
Дали добивам колачиња преку е-пошта?
Нашите е-пораки може да содржат технологии кои обезбедуваат информации за тоа дали сте ја отвориле соодветната порака и дали сте кликнале на одреден линк во неа.
Овие технологии се уникатни за секој корисник, што значи дека двајца корисници кои ја добиле истата порака имаат сопствени, одделни и уникатни идентификатори.
Тие се користат исклучиво за аналитички цели и не се зачувуваат на Вашиот уред.
Пиксел за следење (Web Beacon)
Освен колачиња, користиме и други технологии за препознавање и следење на посетителите на нашата веб-страница.
Web Beacon, познат и како пиксел за следење (Tracking Pixel), претставува графичка слика, најчесто со големина од еден пиксел, која се пренесува преку интернет-прелистувач или HTML е-порака, најчесто заедно со колаче.
Пикселите за следење ни овозможуваат, на пример, да следиме како корисниците преминуваат од една веб-страница на друга, на кој начин пристигнале на веб-страницата, дали кликнале на одредена реклама на Facebook или на веб-банер поставен на веб-страница на трета страна.
Ова ни помага да ја анализираме и оценуваме ефикасноста на рекламите и целокупното работење на веб-страницата.
Општи информации
Политиката за колачиња е дел од Политиката за приватност на dimas.mk, која објаснува како ДИМАС ГРОУП 2020 ДООЕЛ ги користи информациите собрани од нашите корисници.
За повеќе информации посетете го делот „Политика за приватност“.
Овие политики може периодично да бидат изменувани и ажурирани. Ве молиме редовно да ги прегледувате за да бидете информирани за евентуални промени.